ФАРМАЦЕВТИ
Повреди и болести
Најчести повреди на Фармацевтите се убоди и посекотини од нагледните средства кои ги користат. Професионалните заболувања кај Фармацевтите се последица на контактите со вода и хемикалии во текот на работата што предизвикуваат промени на кожа на рацете од алергиски или воспалителен тип. Стоењето што е позиција на телото при работа предизвикува честа појава на приширени вени. Превенцијата се состои од носење на работна облека, ракавици, чевли со анатомски влошки, нега на рацете, нозете и целото тело.
Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно секое конкретно работно место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.
