ФАРМАЦЕВТИ

ФАРМАЦЕВТИ

Активности

Активности

Фармацевтите применуваат соодветни концепции и теории по пат на подготовка, делење или продавање лекови и други фармацевтски препарати. Тие даваат совети за издадените лекови препишани од страна на лекар или други стручњаци од областа на здравството. Се занимаваат и со научно- истражувачка дејност.

Задачите вклучуваат:

примање на рецепти за лекови препишани од лекар и проверка на медицинската историја на пациентите и испитување на административната компатибилност;

набавка, подготовка и издавање на медикаменти и инфузиски течности;

снабдување со помошни материјали, помошни средства при лекување, медицински производи, детска храна, диететски производи, козметички и други средства за заштита на здравјето;

советување за пропишувањето и употребата на лековите и помошните средства при лекување;

издавање на ветеринарни лекови и средства за нега и заштита на животни;

водење на регистри на лекови, особено на наркотици, отрови и лекови кои создаваат зависност и давање на информации за штетното дејство на наркотиците;

собирање на податоци за интеракциите и нуспојавите на лековите;

чување на лековите во посебни услови;

етикетирање, пакување и рекламирање на лекови;

испитување и контрола на квалитетот на лековите за да се дефинира нивната чистота, сила и време на дејствување;

спроведување на испитувања со кои ќе се подобри квалитетот на лековите, козметиката и другите хемиски средства;

водење на евиденција за издадените лекарства;

одржување на консултации со други стручњаци од областа на фармацијата;

изработка на научни трудови и пишување на извештаи;

вршење на сродни работи;

надзор на останатите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2262.01 Доктор по фармација

2262.02 Клинички фармацевт

2262.03 Фармацевт за лековити билки

2262.04 Фармацевт за испитување и контрола на лековите

2262.05 Фармацевт за фармакоинформатика

2262.06 Фармацевт во големопродажба

2262.07 Доктор по фармација стажист

2262.08 Доктор по фармација специјалист

2262.09 Фармацевт

2262.10 Фармацевт во малопродажба

2262.11 Фармацевт во индустрија

2262.12 Специјалист по санитарна хемија

2262.13 Специјалист по фармацевтска технологија

2262.14 Специјалист по токсиколошка хемија

2262.15 Специјалист по аптекарска практика

2262.16 Специјалист по клиничка лабораториска генетика

2262.17 Специјалист по медицинска биохемија

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Фармацевтите применуваат соодветни концепции и теории по пат на подготовка, делење или продавање лекови и други фармацевтски препарати. Тие даваат совети за издадените лекови препишани од страна на лекар или други стручњаци од областа на здравството.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценца издадена од Фармацевтската комора на Македонија

Просечна месечна нето заработувачка

32.459 МКД

Слободни работни местa

141