РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

Активности

Развивачите на софтвер за компјутерските системи спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа за постоечките или нови софтверски апликации и оперативни системи за да ги задоволат барањата во практичната примена.

Задачите вклучуваат:

истражување, анализирање и оценување на барањата за софтверски апликации и оперативни системи;

истражување, дизајнирање, тестирање и развој на компјутерски софтверски системи;

консултации со други стручњаци за да се постигне усогласеност и компатибилност помеѓу хардверот и софтверското решение;

менување на постоечките софтверски решенија за да се исправат грешките, да се приспособат на хардверот или да се подобрат перформансите;

процена, развој, унапредување и документирање на процедури за оперативни системи;

консултација со потрошувачите во врска со одржувањето на софтверските програми и оперативните системи;

изработка на научни трудови и извештаи;

вршење на сродни работи;

надзор на другите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2512.01 Аналитичар на софтвер

2512.02 Дизајнер на софтвер

2512.03 Инженер на софтвер

2512.04 Развивач на софтвер

2512.05 Инженер за роботика и интелигентни системи

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Развивачите на софтвер за компјутерските системи спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа за постоечките или нови софтверски апликации и оперативни системи за да ги задоволат барањата во практичната примена.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Потребни се лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакети

Просечна месечна нето заработувачка

31.207 МКД

Слободни работни местa

  • 50    АВРМ