РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

Како да станете развивач/ка на софтвер

Образование

Вообичаено се бара развивачите на софтвер да имаат завршено високо образование на некој од електротехничките факултети или факултети за информатика или инженерство во Република  Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство со програмските јазици во кои се работи. Вообичаено е факултетите да им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.

Развивачите на софтвер потребно е да поседуваат знаења и вештини во секторот во кој работат. На пример, доколку работат во банка, потребно е да имаат познавање од областа на финансиите така што ќе го разбираат компјутерскиот систем во банката каде работат.

Развивачите на софтвер можат да напредуваат до позицијата ИТ проектен менаџер, од каде може да го менаџираат процесот на развивање на софтвер.

Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:

http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

Лиценци и обуки

Поседувањето на меѓународно признати лиценци и/или сертификати за познавање на определени програмски јазици или работа со специјализиран софтвер се претпочитува кај работодавачите.

Најголема светска професионална организација која врши воспоставување на стандарди во високата технологија, едукација и истражувања е Институтот за инжинери по електротехника и електроника (The Institute of Electrical and Electronics Engineers – IEEE).

www.ieee.org

Во делот на неформалното образование, во Македонија работат неколку ИТ центри кои нудат едукација, тестирање и сертифицирање за курсеви кои се меѓународно признати.

Некои од ИТ центрите во Македонија кои нудат меѓународно признати обуки и тестирања се:

Напредување

Развивачите на софтвер можат да напредуваат во позиција ИТ проектен менаџер, од каде може да го менаџираат процесот на развивање на софтвер.

Важни квалитети

Аналитички вештини. Развивачите на софтвер мора да ги анализираат потребите на корисниците пред да дизајнираат софтвер кој би ги исполнил корисничките потреби. Комуникациски вештини. Развивачите на софтвер мора да комуницираат јасно и недвосмислено со останатите лица кои работат на проектот. Тие исто така мора да им објаснат на корисниците како функционира софтверот, како и да се подготвени да одговорат на прашањата кои може да произлезат од страна на корисниците.

Креативност. Развивачите на софтвер ја изразуваат својата креативност во креирањето на нов софтвер. Тие се „креативниот ум“ во креирањето на новиот софтвер.

Забележување детали. Развивачите на софтвер често пати работат истовремено на повеќе делови од апликаци или системи, затоа е потребно да бидат фокусирани и да внимаваат на детали.

Вештини за меѓучовечки односи. Развивачите на софтвер мора да соработуваат добро со останатите лица во тимот.

Вештини за решавање на проблеми. Бидејќи развивачите на софтвер се вклучени во изработка на софтверот од почеток до крај, тие мора да се во можност да ги решаваат проблемите кои се појавуваат низ целиот процес.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Развивачите на софтвер за компјутерските системи спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа за постоечките или нови софтверски апликации и оперативни системи за да ги задоволат барањата во практичната примена.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Потребни се лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакети

Просечна месечна нето заработувачка

61.994 МКД

Слободни работни местa

99