Тесари и градежни столари

Тесари и градежни столари

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група Ѕидари и сродни градежни занимања каде спаѓаат и тесарите и градежните столари, изнесувала 19.706 денари во 2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2022 година, околу 96 проценти од огласите за тесарите и градежните столари се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Тесарите и градежните столари сечат, обликуваат, монтираат, одржуваат и ги поправаат сите видови дрвени конструкции и други делови на градба и изработуваат и ги составуваат сите видови облоги и скелиња. Градежните столари изработуваат, вградуваат и поправаат врати, прозорци, ѕидни облоги и слично.

Потребно образование при вработување

– Тригодишно стручно образование

– Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

19.706 МКД

Слободни работни местa

72