Тесари и градежни столари
Како да станете ИКТ техничари за поддршка на корисниците
Образование
Потребно е завршено средно образование со времетраење од три години или III ниво на кавлификации. Средните стручни училишта во Република Северна Македонија нудат тригодишни наставни програми за квалификацииите „ тесар “ и „столар“ .
Од 2018 г., Министерството за труд и социјална политика има усвоено стандард на занимање со градежно-геодетскиотсектор:
- тесар
Подетално може да се види на следниов линк:
https://drive.google.com/file/d/16bhyOFGM6zte3VUYdqNBhaC8NUJtL-KR/view
Јавни средни училишта кои нудат тригодишни програми со кои се стекнува диплома за квалификацијата тесар, армирач и бетонирач и за квалификацијата столар се:
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКОЛА КАРЕВ“ – Струмица
- СРЕДНО ОПШТИНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ШУМАРСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“- Кавадарци
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ – Скопје
- СРЕДНО ОПШТИНСКО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“- Гостивар
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“-Скопје
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“-Прилеп
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОСТА СУСИНОВ“- Радовиш
- СРЕДНО ГРАДЕЖНО ГИМНАЗИСКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“- Скопје
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ШАИП ЈУСУФ“- Скопје
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКО НЕСТОР- Струга
- ДРЖАВНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ – РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА „МОША ПИЈАДЕ“- Тетово
- ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „БОГДАНЦИ“- Богданци
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“- Прилеп
- ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „АЦО РУСКОВСКИ“- Берово
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПETКОВ МИСИРКОВ“-Демир Хисар
Обука
Верификуваните програми за обука преку Центарот за образование на возрасни се со времетраење од 3 месеци, а критериум за влез во програмата е минимум завршено основно или средно образование и на возраст постари од 17 години.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за тесари и градежни столари кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот: www.av.gov.mk
Дополнителни вештини/ Важни квалитети
Вештини за детална ориентираност. Тесарите и градежните столари мора да бидат способни прецизно да ги сечат, мерат и ги модифицираат материјалите со кои работат.
Интерперсонални вештини. Тесарите и градежните столари треба да работат како тим, да соработуваат и да им помагаат на другите. Тие исто така можат да комуницираат со клиентите.
Математички вештини. Тесарите и градежните столари често користат математички вештини, вклучително и основна тригонометрија, за да ја пресметаат површината, големината и количината на материјал потребен за работата.
Вештини за умешност во работењето. Тесарите и градежните столари користат многу алатки и им е потребна координација на рака-око за да избегнат да се повредат или да ги оштетат материјалите.
Физичка сила. Тесарите и градежните столари користат тешки алатки и материјали кои тежат до 100 килограми. Тие, исто така, мора да бидат способни да стојат, да се качуваат или да се наведнуваат многу часови за што им е потребна физичка сила.
Вештини за решавање проблеми. Тесарите и градежните столари можат да работат независно со малку насоки. Тие треба да бидат способни да ги менуваат градежните материјали и да прават прилагодувања на лице место за да ги завршат проектите.
Вештини за читање со разбирање. На тесарите и градежните столари им е потребна напредна способност за читање за да ги разберат и следат сложените инструкции за инсталирање одредени производи, како што се вратите.
Вештини за управување со времето. Тесарите и градежните столари често работат со утврден рок. Како резултат на тоа, тие треба да работат ефикасно за да ги испочитуваат утврдените распореди.
