Сметководители
Работна средина
Сметководителите работат во канцеларија, како вработени во комерцијални претпријатија, јавни институции, профитни и непрофитни субјекти, или како самостојни сметководители што обезбедуваат сметководствени услуги на клиентите.
Овластените сметководители извршуваат широк спектар задачи поврзани со сметководство, ревизија, даноци и консултации. Нивните клиенти вклучуваат претпријатија, државни институции и поединци. Овластените сметководители работат со финансиски документи кои клиентите треба да ги приложат согласно законот. Тука се вклучени даночни пријави и биланси на состојба и успех, кои претпријатијата мора да ги обезбедат. На пример, некои овластени сметководители се специјализирани за даноци или советување на претпријатијата во поглед на даночните олеснувања при одредени деловни одлуки.
Работата е со брзо темпо и може да биде стресна. Иако поголемиот дел од работата го завршуваат самостојно во канцеларија, понекогаш смеководителите ги посетуваат клиентите, претпријатијата и деловните простории.