СМЕТКОВОДИТЕЛ
Изгледи за вработување
Влегувањето во сила на Законот за сметководство (2012 г.) ќе ја поттикне побарувачката за сметководствени услуги бидејќи организациите ќе треба да се усогласат со новите законски стандарди. Понатаму, се очекува построгите стандарди да ја зголемат важноста на занимањето, како начин за претпријатијата да го покажат својот бонитет. Исто така, постојаната глобализација на бизнисот може да доведе до зголемена побарувачка за сметководствена експертиза и занимања поврзани со меѓународна трговија.
Лиценцираните сметководители имаат добри изгледи за вработување. Барателите на работа со магистерски студии во областа на сметководството и бизнисот може да имаат предност.
Институтот за сметководители и овластени сметководители – кој води евиденција на издадените лиценци согласно закон – има регистрирано околу 5.000 овластени сметководители и околу 700 сметководители во Македонија.
Во периодот од 2017 – 2022 година, бројот на регистрирани вработени сметководители изнесувал од 7000 – 8000 вработени лица. Сметководителите се меѓу првите занимања со слободни работни места според статистиките на Агенцијата за вработување. Просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2022 година изнесува 259.
Слични занимања класифицирани на друго место:
- Финансиски директор – 1211
- Сметководствени стручни соработници – 3313
Повеќе информации
За вработување:
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
