СМЕТКОВОДИТЕЛ

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Повреди и болести

Работата на Сметководителите е стресна бидејќи е поврзана со рокови. Работата на компјутер може да доведе до различни здравствени проблеми: овде се вклучуваат хронична болка на зглобовите, лактите, долниот дел на грбот, вратот и рамената. Може да влијае на видот и чести мигрена и главоболки.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно работното место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Сметководителите подготвуваат и проверуваат финансиски извештаи. Тие осигуруваат точност на финансиската евиденција, и правилно и навремено плаќање на даноците. Сметководителите ги проценуваат финансиските активности и помагаат во ефикасното функционирање на организациите.

Потребно образование при вработување

(Сметководители)

  • 1) Средно образование (економска струка) и минимум 3 годишно професионално искуство или
  • 2) Високо образование (180 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 2 годишно професионално искуство или 3) Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 1 годишно професионално искуство

(Овластени сметководители)

  • Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 3 годишно професионално искуство

Просечна месечна нето заработувачка

35.692 МКД

Слободни работни местa

259