Службеници во информативни контактни центри
Како да станете Службеници во информативни контактни центри
Образование
Службеници во информативни контактни центри треба да имаат завршено средно образование, но не постои специјализирана насока за занимањето. Службеници во информативни контактни центри ги учат своите знаења и вештини преку обука на работното место или во текот на работното искуство.
Средни училишта кои нудат стручно образование за слични занимања (хотелско – туристички техничар, угостителско техничар, техничар за настани и анимации…)
Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје нуди четиригодишното стручно образование за ученици со посебни образовни потреби (оштетен вид) во сообраќајна струка и тоа за образовниот профил манипулант на телефонска централа.
Важни квалитети
Вербална комуникација: Користи активно слушање и препрашување за да ги пренесе и појасни информациите и да го потврди разбирањето;
Одговара на предвидливите рутински проблеми преку спроведување на стандардни или на логични решенија;
ИТ вештини: Користи дигитални технологии за пристап, внесување и чување на информациите потребни за завршување на работните задачи.
Забележување детали: Обрнуваат внимание на деталите при составувањето и проверката на документацијата.
Трпеливост: Службениците во информативни контактни центри треба да бидат способни мирно да реагираат во специфични и тешки ситуации.
Интерперсонални вештини: Службеници во информативни контактни центри треба да работат добро со луѓе со цел да развијат добри односи со клиентите и колегите.
Пишување: Точно ја евидентира и пополнува организациската документација и преписки со користење на јасен јазик и правилен правопис, граматика и терминологија;
