Службеници во информативни контактни центри
Активности
Службениците во информативните контактни центри примаат клиенти или пациенти, даваат информации и закажуваат состаноци во корист на разни институции, вклучувајќи болници, медицински или забарски одделенија.
Задачите вклучуваат:
- примање на клиенти или пациенти, бележење на барањата и обезбедување на точни информации;
- закажување на состаноци за клиенти или пациенти;
- телефонски разговори во врска со барањата за информирање или состаноци;
- насочување на клиенти или пациенти до соодветно место или лице;
- резервирање и организирање на упис за гости или пациенти, како и водење евиденција или презентирање на сметки на заминување;
- обезбедување на информативни памфлети, брошури или формулари;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
4222.01 Службеник во информативен контактен центар
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)