Развивачи на веб и мултимедија

Развивачи на веб и мултимедија

Повреди и болести

Работата на развивачите на веб и мултимедија е стресна бидејки е поврзана со рокови. Работата на компјутер може да доведе до различни здравствени проблеми: овде се вклучуваат хронична болка на зглобовите, лактите, долниот дел на грбот, вратот и рамената. Може да влијае на видот и чести мигрена и главоболки.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно работното место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Развивачите на веб и мултимедија спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за изработка и развој на веб-страници, анимации, слики, аудио и видео записи и интерактивни медиуми и вршат советување во врска со нив или се вклучени во нивната практична примена.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

61.994 МКД

Слободни работни местa

5