Ракувачи со постројки за преработка на дрво

Ракувачи со постројки за преработка на дрво

Повреди и болести

Најчести повреди на ракувачите  со постројки за преработка на дрво, се повреди и исекотини од остри алатки, на прсти, раце, нозе при ракување со машините. Ова занимање се соочува со повисоки стапки на повреди и болести од просекот, па затоа треба да носат соодветна заштитна или безбедносна опрема.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа  согласно работното место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со постројки за преработка на дрво управуваат со целосно или делумно автоматизирани машини за обработка на дрво, ги надгледуваат машините и опремата за сечење на дрво и фурнир, добивање на иверка и друга преработка на дрвото за понатамошна употреба.

Потребно образование при вработување

Средно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

27.290 МКД

Слободни работни местa

8