Ракувачи со постројки за преработка на дрво

Ракувачи со постројки за преработка на дрво

Како да станете ракувачи со постројки за преработка на дрво

Образование

Повеќето ракувачи со постројки за преработка на дрво, имаат завршено средно образование или соодветна обука која ја нудат провајдерите.

Средните стручни училишта од  шумарско – дрвопреработувачка струка  нудат програми за техничар за мебел и ентериер, техничар за обработка на дрво со 4 години и столар/шумар со 3 годишно образование:

 

  • СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПETКОВ МИСИРКОВ“ – ДЕМИР ХИСАР
  • СРЕДНО ОПШТИНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ШУМАРСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – КАВАДАРЦИ
  • СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП
  • СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ – СКОПЈЕ
  • СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКОЛА КАРЕВ“ – СТРУМИЦА

 

Од 2015 г., неколку сродни занимања со ракувачите со постројки за преработка на дрво се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:

  • Оператор за пиланска обработка на дрво:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/oppilobrdrv.pdf

  • Оператор за производство на дрвени плочи:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/opproizvdrvploc.pdf

  • Оператор за изработка на меки делови кај мебелот и внатрешна декорација:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/opizrmekdelmeb.pdf

  • Оператор за подготовка на производство:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/oppdgprzvds.pdf

  • Оператор со уреди за сушење и парење на дрвото:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/opsuspardrv.pdf

  • Оператор со технолошки процеси за обработка на дрво и плочи:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/optehnprobrdrv.pdf

  • Оператор со технолошки процеси за обработка на дрво и плочи:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Sum/optehnprobrdrv.pdf

  • Cтолар за градежна столарија

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/sumarska-stolgrad.pdf

  • Cтолар за мебел и ентериер:

https://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/sumarska-stolmebent.pdf

               

Обука

Центарот за образование на возрасни нема верификувано програми за обука.

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

 

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

 

Потребни вештини

Внимателност. Ракувачите  со постројки за преработка на дрво, мора да бидат свесни за околината додека ракуваат со машините.

Аналитички вештини: Ракувачите  со постројки за преработка на дрво, мора да го следат  процесот на работа со машините со кои ракуваат. Овие задачи бараат прецизност и точност.

Координација рака-око-нога. Ракувачите со постројки за преработка на дрво, треба да имаат смирени раце и нозе за прецизно насочување и контрола на опремата. Тие користат рачни контроли за маневрирање со машините во тесни простори, околу големи објекти и на нерамни површини.

Комуникациски вештини: Ракувачите со постројки за преработка на дрво, соработуваат со соработниците од претходната и наредната операција, соработуваат со раководителот,  познаваат и применуваат  техничко-технолошка терминологија

Механички вештини. Ракувачите  со постројки за преработка на дрво, прават мали приспособувања на машините и основно одржување.

Визуелна способност. Ракувачите  со постројки за преработка на дрво, мора јасно да гледаат каде возат или каде се движат. Мора да внимаваат на работниците во близина, кои незнаејќи може да влезат во нивната патека.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со постројки за преработка на дрво управуваат со целосно или делумно автоматизирани машини за обработка на дрво, ги надгледуваат машините и опремата за сечење на дрво и фурнир, добивање на иверка и друга преработка на дрвото за понатамошна употреба.

Потребно образование при вработување

Средно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

27.290 МКД

Слободни работни местa

8