Ракувачи со постројки за преработка на дрво

Ракувачи со постројки за преработка на дрво

Активности

Ракувачите со постројки за преработка на дрво управуваат со целосно или делумно автоматизирани машини за обработка на дрво, ги надгледуваат машините и опремата за сечење на дрво и фурнир, добивање на иверка и друга преработка на дрвото за понатамошна употреба.

 

Задачите вклучуваат:

  • ракување со преносни системи за товарање и пренесување на трупци;
  • надзор и ракување со пили за сечење на трупци и друго дрво, сечење со пила на трупците на помали делови, режење на штици, плочи и преместување на
    отпадоците од режаното дрво;
  • надзор на постројките за изработка на фурнир и ракување со нив;
  • ракување со машина за изработка на шперплоча и пресување на поставени
    листови и ракување со нив;
  • надзор и и ракување со постројки за изработка на дрвени столбови;
  • ракување со машини за обработка на плута;
  • ракување со различни машини за фина обработка на дрво како дребонг, струг и слично;
  • ракување со машини за лепење на дрвени делови и премачкување со заштитен слој на дрвото;
  • контролирање на квалитетот на дрвените производи;
  • надгледување на работата на машините, тековно одржување и чистење;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8172.01 Ракувач со машина за делење на дрво без иверка

8172.02 Ракувач со машина за подготовка на трупци

8172.03 Ракувач со машина за отковување

8172.04 Ракувач со повеќефазна машина за лупење, сечење со пила и сечење на иверка

8172.05 Ракувач со циркулар, гатер и паралица

8172.06 Ракувач со повеќелисна кружна пила

8172.07 Ракувач со машина за иверка

8172.08 Ракувач со уреди за просејување и сортирање на дрво

8172.09 Сортирач на фурнир и шперплоча

8172.10 Мерач и врзувач на фурнир

8172.11 Цртач на фурнир и масивни дрва

8172.12 Ракувач со преса за лепење на иверки и плочи

8172.13 Ракувач со преса за лепење на дрвени влакна

8172.14 Ракувач со уреди за лепење на дрвени рабови

8172.15 Ракувач со преса за втиснување на орнаменти во дрво

8172.16 Опслужувач на постројки за изработка на паркет

8172.17 Сортирач и составувач на ламелен и мозаичен паркет

8172.18 Ракувач со машина за изработка на прагови

8172.19 Ракувач со машина за обработка на плута

8172.20 Ракувач со бројчано-управувачки машини за примарна обработка на дрво

8172.21 Ракувач со шинска пила

8172.22 Ракувач со кружна пила

8172.23 Ракувач со стругалка за дрво

8172.24 Ракувач со глодалка за дрво

8172.25 Ракувач со дупчалка за дрво

8172.26 Ракувач со машина за вдлабнување на дупки во дрво

8172.27 Ракувач со двороторска машина

8172.28 Ракувач со машина за дупчење и полирање на дрво

8172.29 Резбар на дрвени фигури

8172.30 Ракувач со постројки за нанесување на сврзани слоеви на дрво

8172.31 Ракувач со машина за лепење на тесни страни на дрво

8172.32 Ракувач со машина за лепење на аголни споеви на дрво

8172.33 Ракувач со преса за лепење на дрвени плочи

8172.34 Ракувач со преса за лепење на дрвени рабови

8172.35 Ракувач со преса за одлепување на рабови

8172.36 Ракувач со машина за обработување и одлепување на дрво

8172.37 Ракувач со повеќефазна машина за обработка на дрво и спојување на рабови

8172.38 Ракувач со повеќефазна машина за дрво

8172.39 Ракувач со уреди за фарбање и лакирање на дрво

8172.40 Ракувач со постројки за белење, чадење и патинирање на дрво

8172.41 Ракувач со уреди за климатизирање и стврднување на површини од дрво

8172.42 Ракувач со уреди за кондиционирање на дрво

8172.43 Свиткувач на дрво во калап

8172.44 Ракувач со машина за обликување на дрво со свиткување и стиснување

8172.45 Ракувач со уреди за свиткување на дрво

8172.46 Ракувач со нумерички управувач за дрвообработувачка машина

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со постројки за преработка на дрво управуваат со целосно или делумно автоматизирани машини за обработка на дрво, ги надгледуваат машините и опремата за сечење на дрво и фурнир, добивање на иверка и друга преработка на дрвото за понатамошна употреба.

Потребно образование при вработување

Средно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

27.290 МКД

Слободни работни местa

8