Ракувачи со градежни и слични машини
Работна средина
Работата на ракувачите со градежни и слични машини во најголем дел од времето се одвива во возилата. Нивната работата бара постојано внимание, претежно е во седечка положба, па затоа движењата се ограничени.
Овие работници поминуваат значително време на отворено и честопати возат на големи растојанија. Ракувачите со градежни и слични машини често креваат тешки делови и алати, ракуваат со мрсна и валкана опрема.
