Ракувачи со градежни и слични машини

Ракувачи со градежни и слични машини

Како да станете ракувачи со градежни  и слични машини  

Образование

Повеќето ракувачи со градежни и слични машини имаат завршено основно или средно образование и соодветна обука која ја нудат провајдерите.

Средни училишта кои нудат средно стручно образование од градежно геодетска струка (ракувачи со рударски машини) и/или сообраќајна струка (ракувач со машини за пренос на материјали):

  1. СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп;
  2. СОУ „Никола Карев“ – Струмица и
  3. ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ –Тетово

 

Од 2015 г., неколку сродни занимања со ракувачи со градежни и слични машини се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:

  • Ракувач на дигалка:

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobr-rakuvac_na_digalka.pdf

  • Ракувач на виљушкар:

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobr-rakuvac_na_viljuskar.pdf

  • Ракувач на автодигалка:

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/soobrakajna_rakuvavtod.pdf

 

      Обука

Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука, кои се со времетраење од 4 месеци (минимум завршено основно/средно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

 

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

 

Потребни вештини

Внимателност. Ракувачите  со градежни и слични машини мора да бидат свесни за околината додека ракуваат со машините.

Аналитички вештини:  Ракувачите  со градежни и слични машини мора да го следат  процесот на работа со машините со кои ракуваат. Овие задачи бараат прецизност и точност.

Координација рака-око-нога: Ракувачите со градежни и слични машини треба да имаат смирени раце и нозе за прецизно насочување и контрола на опремата. Тие користат рачни контроли за маневрирање со машините во тесни простори, околу големи објекти и на нерамни површини.

Комуникациски вештини: Ракувачите со градежни и слични машини соработуваат со соработниците од претходната и наредната операција, соработуваат со раководителот,  познаваат и применуваат  техничко-технолошка терминологија

Механички вештини. Ракувачите  со градежни и слични машини прават мали приспособувања на машините и основно одржување.

Визуелна способност. Ракувачите  со градежни и слични машини мора јасно да гледаат каде возат или каде се движат. Мора да внимаваат на работниците во близина, кои незнаејќи може да влезат во нивната патека.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со градежни и слични машини управуваат со машините за ископување и товарање на земја, набивање и валање на површината, ископи во тунели, уривање на градби, стабилизација на тло, превоз, прифаќање и вградување на бетон и нанесување на асфалт. Ја надгледуваат работата на машините.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

28.772 МКД

Слободни работни местa

168