Ракувачи со градежни и слични машини

Ракувачи со градежни и слични машини

Активности

Ракувачите со градежни и слични машини управуваат со машините за ископување и товарање на земја, набивање и валање на површината, ископи во тунели, уривање на градби, стабилизација на тло, превоз, прифаќање и вградување на бетон и нанесување на асфалт. Ја надгледуваат работата на машините.

 

Задачите вклучуваат:

  • управување со машини за ископ, утовар и расчистување на земја и други материјали, планирање на теренот, уривање на градби, отстранување на снег од сообраќајници со булдожери и слични машини;
  • управување со багери за чистење на корита на истечни речни и езерски води, ископување на песок и земја;
  • управување со машини за тунелски ископи;
  • управување со машини за набивање на дрвени, бетонски или челични столбови;
  • управување со кесонски уреди;
  • управување со машини за набивање и рамнење на слоеви на земја и други материјали при изградба на патишта и други сообраќајници, брани, насипи и при слични работи (валјаци, набивачи, компактори);
  • управување со машини за стабилизирање и инјектирање на тлото и изградба на дијафрагма;
  • управување со машини за превоз, дофат и вградување на бетон;
  • управување со машини за асфалтирање на горни слоеви на патишта и други површини;
  • надгледување на работата на машините;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на другите работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

8342.01 Возач на машина за ископ

8342.02 Возач на машина за набивање на земјиште

8342.03 Возач на машина за дупчење и разбивање

8342.04 Возач на машина за стабилизација на земјиште

8342.05 Возач на машина за инјектирање на земјиште

8342.06 Возач на машина за забивање пилоти

8342.07 Возач на машина за вградување на бетонски рабови

8342.08 Возач на машина за асфалтирање

8342.09 Возач на машина за работа во земја

8342.10 Возач на автомешалка

8342.11 Ракувач со машина за ископ

8342.12 Ракувач со машина за ископ на тунели

8342.13 Ракувач со машина за планирање на земјиште

8342.14 Ракувач со машина за набивање

8342.15 Ракувач со машина за дупчење и разбивање

8342.16 Ракувач со машина за стабилизација на земјиште

8342.17 Ракувач со машина за инјектирање на земјиште

8342.18 Ракувач со машина за забивање пилоти

8342.19 Ракувач со машина за кесонско темелење

8342.20 Ракувач со машина за изработка на дијафрагми

8342.21 Ракувач со машина за вградување на бетонски рабови

8342.22 Ракувач со машина за асфалтирање

8342.23 Ракувач со машина за работи во земја

8342.24 Ракувач со претоварни машини за бетон

8342.25 Ракувач со бетонска пумпа

8342.26 Ракувач со бетонски топ

8342.27 Ракувач со машина за торкетирање

8342.28 Ракувач со машина за пружни работи

8342.29 Возач на машина за чистење на сообраќајници

8342.30 Возач на машина за чистење на канализација

8342.31 Ракувач со машина за одржување на скијачки патеки

8342.32 Ракувач со градежни машини

8342.33 Работоводител на градежни и слични машини

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со градежни и слични машини управуваат со машините за ископување и товарање на земја, набивање и валање на површината, ископи во тунели, уривање на градби, стабилизација на тло, превоз, прифаќање и вградување на бетон и нанесување на асфалт. Ја надгледуваат работата на машините.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

28.772 МКД

Слободни работни местa

168