Осигурителни застапници

Осигурителни застапници

Како да станете осигурителни застапници

Образование

Осигурителните застапници треба да имаат завршено средно четиригодишно образование, или IV ниво на квалификација, но не постои специјализирана насока за занимањето. Осигурителните застапници ги учат своите знаења и вештини преку обука на работното место, високо образование или во текот на работното искуство.

Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:

https://mon.gov.mk/page/?id=2047

Обука

Откако ќе се вработат, осигурителните застапници обично добиваат обука на работното место. Ова може да биде комбинација од формална обука спонзорирана од компанијата и неформална обука во текот на првите неколку месеци на работа.

 

Лиценци, овластувања и регистри

Застапниците во осигурување треба да имаат положено испит и добиено лиценца издадена од Агенцијата за супервизија во осигурување.

Начинот и условите за следење на обуката и полагањето испит за стекнување со лиценца може да се видат на следниот линк: Правилници – Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk)

 

Дополнителни вештини/Важни квалитети

Аналитички вештини. Осигурителните застапници мора да поседуваат аналитички вештини за да можат да ги проценат потребите на секој клиент и да одредат каков вид на осигурување да му понудат на клиентот.

Комуникациски вештини и вештини за активно слушање. Осигурителните застапници мора да умеат активно да ги слушаат клиентите и да можат на јасен недвосмислен начин да го објаснат понуденото осигурување, како и постапките за остварувањето на правата од осигурување.

Вештини за иницијативноста. Осигурителните застапници треба да поседуваат иницијативност и активно да бараат нови клиенти со цел да го зголемат бизнисот или да преговараат со постоечките клиенти за зголемување на нивниот опфат во осигурување.

Интерперсонални вештини. Осигурителните застапници мора да бидат способни да градат односи на доверба со потенцијалните клиенти и при интеракции со постоечките клиенти, како и да умеат да се прилагодат на променливите потреби на клиентите.

Вештини за самодоверба. Осигурителните застапници треба да покажуваат самодоверба кога контактираат со потенцијалните клиенти. Тие мора да бидат убедливи и способни да одржуваат смиреност доколку бидат одбиени.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Осигурителните застапници советуваат и продаваат на нови и на постојани клиенти животно осигурување, осигурување во случај на несреќа, автомобилско, парично и осигурување против пожар, животно осигурување каде што целокупната уплата може да се врати на осигуреникот под договорените услови и други видови осигурување.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

– Високо образование

– Обука на работно место

 

– Лиценца за застапување во осигурување

 

Просечна месечна нето заработувачка

26.343 МКД

Слободни работни местa

8