Осигурителни застапници
Активности
Осигурителните застапници советуваат и продаваат на нови и на постојани клиенти животно осигурување, осигурување во случај на несреќа, автомобилско, парично и осигурување против пожар, животно осигурување каде што целокупната уплата може да се врати на осигуреникот под договорените услови и други видови осигурување.
Задачите вклучуваат:
- прибирање известувања за состојбата на осигурениците кои се неопходни за да се одреди видот и условите на осигурувањето;
- преговори со осигурениците за да се одреди видот и степенот на ризик за кој се дава осигурувањето, обемот на осигурувањето и условите на плаќање;
- преговори и обновување на договорите за осигурување;
- советување и преговарање за условите на договорите за осигурување за големи или специјални видови на проекти, инсталации или ризици;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3321.01 Застапник за осигурување
3321.02 Самостоен диспонент за осигурување
3321.03 Контролор за осигурување (луѓе и имоти)
3321.04 Контролор на инкаса на живот
3321.05 Манипулант за осигурување
3321.06 Манипулант за осигурување на имот
3321.07 Манипулант за осигурување на сообраќај
3321.08 Манипулант за осигурување од незгоди
3321.09 Манипулант за осигурување на животи
3321.10 Референт за осигурување на имоти и лица
3321.11 Референт за проверка на податоци за осигурување
3321.12 Ликвидатор на штети
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)