Графички и мултимедиа дизајнери

Графички и мултимедиа дизајнери

Распоред на работата

Најголем дел од графичките и мултимедија дизајнерите работат со полно работно време. Честопати се случува да работат прекувремено за да ги испочитуваат крајните рокови кај клиентите. Распоредот на графичките дизајнери се разликува во зависност од обемот на работа и роковите.

Оние кои се самовработени можеби ќе треба да го приспособат својот работен ден за да се сретнат со клиенти навечер или за време на викендите. Покрај тоа, тие може да поминат дел од своето време во потрага по нови проекти или во натпреварување со други дизајнери за договори.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Графичките и мултимедија дизајнерите применуваат уметнички аудио-визуелни техники во дизајнирањето, декорирањето, специфицирањето и рекламирањето на електронски, дигитални и други форми на аудио-визуелни медиуми. Тие создаваат посебни содржини и анимирани ефекти со слика за употреба во компјутерски игри, филмови, музички спотови, печатени медиуми и реклами.

Потребно образование при вработување

Високо образование

или

Постсредно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

73