Графички и мултимедиа дизајнери

Графички и мултимедиа дизајнери

Активности

Графичките и мултимедија дизајнерите применуваат уметнички аудио-визуелни техники во дизајнирањето, декорирањето, специфицирањето и рекламирањето на електронски, дигитални и други форми на аудио-визуелни медиуми. Тие создаваат посебни содржини и анимирани ефекти со слика за употреба во компјутерски игри, филмови, музички спотови, печатени медиуми и реклами.

Задачите вклучуваат:

  • утврдување на целите и ограничувањата на дизајнот во консултации со клиентите и заинтересираните страни;
  • истражување и анализа на функционалните барања на клиентите;
  • формулирање на концепти, скици, дијаграми и илустрации за дизајнирање;
  • дизајнирање на комплексна графика и анимација на естетските и креативните барања на проектот;
  • создавање на дводимензионални и тродимензионални слики и ставање на слики во движење кои го илустрираат процесот со употреба на компјутерски програми;
  • избор, специфицирање и препорачување на материјали и детали за објавување на екран;
  • подготвување и пуштање во употреба на прототипи и мостри;
  • подготовка на документација за проектите кои се изработуваат;
  • вршење надзор на подготовката на дизајните;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2166.01 Графички дизајнер

2166.02 Сценски дизајнер

2166.03 Дизајнер за внатрешно уредување

2166.04 Веб-дизајнер

2166.05 Мултимедијален дизајнер

2166.06 Мултимедијален аниматор

2166.07 Изработувач на рекламни материјали

2166.08 Компјутерски аниматор

2166.09 Пејзажен дизајнер

 

(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08, www.stat.gov.mk)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Графичките и мултимедија дизајнерите применуваат уметнички аудио-визуелни техники во дизајнирањето, декорирањето, специфицирањето и рекламирањето на електронски, дигитални и други форми на аудио-визуелни медиуми. Тие создаваат посебни содржини и анимирани ефекти со слика за употреба во компјутерски игри, филмови, музички спотови, печатени медиуми и реклами.

Потребно образование при вработување

Високо образование

или

Постсредно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

73