ГОТВАЧ

ГОТВАЧ

Изгледи за вработување

 

Процените од Анкетата на работна сила спроведена во годините 2017-2022 година, покажуваат дека бројот на готвачи изнесувал околу 8.350.

Готвачите се во првите 10 занимања со слободни работни места според статистиките на Агенцијата за вработување. Просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2022 година изнесува 809.

Слични занимања (од ISCO)

  •  Директор на кафетерија – 1412
  • Директор на ресторан – 1412
  • Главен готвач – 3434
  • Подготвувач на брза храна – 9411

Повеќе информации

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за готвачи посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Готвачите ги планираат, организираат, подготвуваат и готват јадењата, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

18.636 МКД

Слободни работни местa

809