Економисти

Економисти

Повреди и болести

Работата на економистите е стресна бидејки е поврзана со рокови. Работата на компјутер може да доведе до различни здравствени проблеми: овде се вклучуваат хронична болка на зглобовите, лактите, долниот дел на грбот, вратот и рамената. Може да влијае на видот и чести мигрена и главоболки.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно работното место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Економистите водат истражувања, вршат контрола на податоците, анализа на информациите и подготовка на извештаи и планови за решавање на постоечките економски и бизнис проблеми, развиваат модели за анализа, објаснување и предвидување на економските движења и модели. Тие им даваат совети на бизнис – економските и на други интересни групи, како и на владата, за формулирање на решенија за постоечките и прогнозираните економски и бизнис проблеми.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

39.890 МКД

Слободни работни местa

211