Економисти

Економисти

Како да станете економисти

Образование

Вообичаено се бара економистите да имаат завршено високо образование на некој од економските факултети во Република  Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство во кои работат. Вообичаено е факултетите да им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.

Економистите потребно е да поседуваат знаења и вештини во секторот во кој работат.

Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:

http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

 

Важни квалитети

Аналитички вештини. Економистите мора да бидат способни детално да ги прегледуваат податоците, да набљудуваат обрасци, да вршат напредни пресметки и да извлечат логични заклучоци.

Вештини за критичко размислување. Економистите мора да бидат способни да користат логика и расудување за да решаваат сложени проблеми.

Презентерски вештини. Економистите мора да бидат способни да им ја објаснат својата работа на другите. Тие често даваат презентации и објаснуваат извештаи на клиенти кои можеби немаат искуство во економијата.

Вештини за пишување. Економистите мора да бидат способни јасно да ги претстават своите наоди. Многу економисти подготвуваат извештаи за колеги или клиенти, други пишуваат за објавување во списанија или за медиуми.

ИТ вештини: Користи дигитални технологии за пристап, внесување и чување на информациите потребни за завршување на работните задачи.

 

Способност за проценка

 Способност за набљудување и разбирање на економските движења и процеси, како и идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за анализирање на економските појави и процеси;

Способност за оценка на теоретски знаења и избор на аналитички методологии и алатки во клучните подрачја на економската наука;

Способност за анализа и интерпретација на податоците и информациите за определени економски движења и промени и нивна примена за решавање на определени економски проблеми.

 

Комуникациски вештини

Соодветна професионална комуникација за воспоставување соработка и презентирање на резултатите од спроведените анализи и истражувања;

Способност за независно учество во научни дискусии, иницирање и водење истражувачки активности, тимска работа, критичко размислување, почитување на спротивните ставови и активно слушање на соговорникот;

Успешна примена на принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Економистите водат истражувања, вршат контрола на податоците, анализа на информациите и подготовка на извештаи и планови за решавање на постоечките економски и бизнис проблеми, развиваат модели за анализа, објаснување и предвидување на економските движења и модели. Тие им даваат совети на бизнис – економските и на други интересни групи, како и на владата, за формулирање на решенија за постоечките и прогнозираните економски и бизнис проблеми.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

39.890 МКД

Слободни работни местa

211