Економисти
Активности
Економистите водат истражувања, вршат контрола на податоците, анализа на информациите и подготовка на извештаи и планови за решавање на постоечките економски и бизнис проблеми, развиваат модели за анализа, објаснување и предвидување на економските движења и модели. Тие им даваат совети на бизнис – економските и на други интересни групи, како и на владата, за формулирање на решенија за постоечките и прогнозираните економски и бизнис проблеми.
Задачите вклучуваат:
- предвидување на промени во економското опкружување за краткорочно финансирање, долгорочно планирање и оценка на инвестициите;
- формирање на препораки, политики и планови во економијата, корпоративни стратегии и инвестиции и преземање на физибилити судии за проекти;
- следење на економските податоци за оцена на ефективноста и совети за соодветноста на монетарната и фискалната политика;
- прогнози за производството и потрошувачката на одредени производи и услуги врз основа на минати сознанија за производството и потрошувачката, како и врз општите економски и специфични индустриски услови;
- подготовка на прогнози за приходи и расходи, каматни стапки и девизен курс;
- анализа на факторите кои го одредуваат учеството во работната сила, вработеноста, платите, невработеноста и другите исходи на пазарот на трудот;
- тестирање на економските теории, како и изнаоѓање на економски решенија со помош на математички формули и бројни статистички и други техники; 121
- прибирање, анализа и толкување на економските податоци со помош на економската теорија и бројни статистички и други техники;
- оценка на резултатите од политичките одлуки кои се однесуваат на општата економија и јавните финансии и советување за економската политика и можните насоки за дејствување во однос на минатото, сегашноста и идните економски фактори и трендови;
- изработка на студии и извештаи;
- истражување на проблеми поврзани со економските активности на индивидуалните компании;
- спроведување на истражувања за условите на пазарот на локално, регионално и национално ниво за да се одреди нивото на продажбата и цените на производите и услугите, да се оцени потенцијалот на пазарот, идните трендови и да се развијат деловни/бизнис стратегии;
- вршење на сродни работи;
- надзор на другите соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2631.01 Аграрен економист
2631.02 Економетричар
2631.03 Економист
2631.04 Економист аналитичар
2631.05 Економист за финансии
2631.06 Економист за маркетинг
2631.07 Економист за угостителство
2631.08 Економист за менаџмент
2631.09 Економист за работа со хартии од вредност
2631.10 Економист за царински работи
2631.11 Економист за анализа и планирање
2631.12 Економист за платен промет
2631.13 Економист за кредитно – гарантни работи
2631.14 Економист за девизно работење
2631.15 Економист за банкарство
2631.16 Економист за осигурување
2631.17 Економист за меѓународна размена
2631.18 Економист за инвестиции
2631.19 Економист за даночен систем
2631.20 Економист советник
2631.21 Економист за политика на цени
2631.22 Економист за развој
2631.23 Економист – комерцијалист
2631.24 Економист за деловна информатика
2631.25 Економист – консултант
2631.26 Економист за туризам
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)