НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ
Повреди и болести
Работата на негувателите на болни лица во домашни услови може да биде физички и емотивно напорна. Негувателите мора да внимаваат на повреди на грбот, бидејќи ги подигнуваат клиентите од кревет или им помагаат да стојат или да се движат.
Понатаму, негувателите во домашни услови може да работат со клиенти кои имаат когнитивни нарушувања или ментални проблеми, и кои може да имаат тежок или насилен карактер. Негувателите се соочуваат со опасност од минорни инфекции и изложеност на заразни болести, кои може да бидат минимизирани со следење соодветни процедури.
