Дизајнери на бази на податоци и администратори

Дизајнери на бази на податоци и администратори

Повреди и болести

Работата на  дизајнерите на бази на податоци и администратори е стресна бидејќи е поврзана со рокови. Работата на компјутер може да доведе до различни здравствени проблеми: овде се вклучуваат хронична болка на зглобовите, лактите, долниот дел на грбот, вратот и рамената. Може да влијае на видот и чести мигрена и главоболки.

Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно работното место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Дизајнерите на бази на податоци и администраторите спроведуваат истражувања, планираат, дизајнираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за изработка и одржување на бази на податоци и советуваат во врска со нив или се вклучени во нивната практична примена.

Потребно образование при вработување

– Високо образование

– Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет

Просечна месечна нето заработувачка

35.316 МКД

Слободни работни местa

20