Дизајнери на бази на податоци и администратори
Изгледи за вработување
Главна причина за очекуваниот раст за вработување на дизајнерите на бази на податоци и администраторите во иднина е брзиот раст на ИТ индустријата.
Денес, речиси сè, зависи од ИТ технологијата, па така и во иднина ќе има многу поголема побарувачка од дизајнери на бази на податоци и администратори, како и за занимања поврзани со ИТ секторот. .
Најдобри изгледи за вработување ќе имаат оние кои се во тек со најновите технологии и кои поседуваат вештини поврзани со развивање на концепции и оперативни методи за работа и поддршка на оптимални перформанси и безбедност на системите за информатичка технологија.
Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2022, бројот на регистрирани вработени изнесувал околу 930 лица, притоа оваа бројка континуирано расте од година во година.
Слични занимања (од ISCO-08)
2522.Систем администратори
2523.Стручњаци за компјутерски мрежи
2529.Стручњаци за бази на податоци и компјутерски мрежи,
некласифицирани на друго место
Повеќе информации
За вработување: