Дизајнери на бази на податоци и администратори

Дизајнери на бази на податоци и администратори

Активности

Дизајнерите на бази на податоци и администраторите спроведуваат истражувања, планираат, дизајнираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за изработка и одржување на бази на податоци и советуваат во врска со нив или се вклучени во нивната практична примена.

Задачите вклучуваат:

  • дизајнирање и развој на бази на податоци, структури на податоци, табели, речници и системски проекти;
  • дизајнирање, конструирање, модифицирање, интеграција, имплементација, тестирање и управување со базните системи;
  • спроведување на истражувања и давање на совети при избор, примена и спроведување на алатките за управување со базите на податоци;
  • развивање и спроведување на административна политика на податоци, документи, стандарди и модели;
  • развивање на политики и процедури за пристап до базите и употреба на системи за обновување на податоците;
  • анализа на барањата на корисниците за утврдување на составот на опремата и програмска поддршка имајќи ги предвид потребите за понатамошен развој, како и применување на анализа на трошоците;
  • реализирање на контроли и унапредување на безбедноста на податоците;
  • изработка на научни трудови и извештаи;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на другите соработници.

 

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

2521.01 Аналитичар на бази на податоци

2521.02 Администратор на бази на податоци

2521.03 Проектант на бази на податоци

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Дизајнерите на бази на податоци и администраторите спроведуваат истражувања, планираат, дизајнираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за изработка и одржување на бази на податоци и советуваат во врска со нив или се вклучени во нивната практична примена.

Потребно образование при вработување

– Високо образование

– Лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакет

Просечна месечна нето заработувачка

35.316 МКД

Слободни работни местa

20