АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

Како да станете алатничар и сродните занимања

Образование

Потребно е завршено средно образование од 3 или 4 степен или соодветна обука со сертификат. Формалното образование преку техничките училишта во Република Македонија нудат програми за „обработувачи на метал” со трет степен и четиригодишната програма „машински техничар“. Во неформалното образование  алатничарите и сродните занимања посетуваат стандардизирани обуки за бравари во времетраење од 3 – 4 месеци.

Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше занимањето Бравар во 2015 година и Алатничар 2017 година кои се подзанимања на занимањето алатничар и сродните занимања. Потребните вештини и познавања може да се најдат тука  http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/mashinska_montgasovinst.pdf

Стручните училишта нудат 3-годишни програми за обработувачи на метал : 

  1. Средно  општинско училиште „Гoшo  Викентиев “- Кочани
  2. Општински електро – машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид,
  3. Средно училиште на Град Скопје „8-ми Септември“ – Скопје,

Стручните училишта нудат 4-годишни програми за машински техничари: 

  1. Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  2. Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  3. Средно општинско училиште „Ванчо Прке“ – Виница
  4. Средно општиско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
  5. Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
  6. Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
  7. Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  8. Средно општинско училиште „Ристе Ристеки – Ричко“ – Прилеп
  9. Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
  10. Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје
  11. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип
  12. Средно општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци
  13. Општинско средно училиште „Дрита“ – Кичево
  14. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  15. Средно училиште на град Скопје „8-ми Септември“ – Скопје
  16. Средно општинско стручно училиште „Моша Пијаде“ – Тетово

Центарот за специјализирано средно насочено образование и воспитание  „ИСКРА“ – Штип нуди двегодишно стручно образование со времетраење од три години според адаптирани наставни планови и програми, во кое  може да се запишат ученици со посебни образовни потреби (интелектуална попреченост во психофизичкиот развиток), за програмата Помошник бравар-лимар.

Центарот за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ – Скопје, нуди четиригодишно стручно образование со времетраење на школувањето од пет години според адаптирани наставни планови и програми, да  можат да се запишат ученици со посебни образовни потреби (оштетен слух), за програмата  машински техничар.

Обука

 Центарот за образование на возрасните верификува програми за обука, кои се со времетраење од 3 до 6 месеци, зависно од интензитетот на посетување, минимум возраст и  минимум завршено образование за влез во обуката.

Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука на Бравари со времетраење од 3 – 4 месеци (задолжително завршено основно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за алатничарите и сродните занимања (бравари), посетете ја страницата:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Агенцијата за вработување, врз основа на Годишни Оперативни планови за активни мерки и услуги на пазарот на трудот, ја спроведува и мерката Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот а занимањата се утврдуваат согласно претходно направени анализи од повеќе извори. Обуките се спроведуваат за невработени лица кои се на евиденција на АВРМ.

Повеќе информации може да најдете на web страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија или на следниот линк:

http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Приватните претпријатија може да отворат провајдер за обука (обучен центар) и во комерцијална употреба да вршат обуки за занимањето за невработени лица, вработени лица за прекалификација или доквалификација или  обуки на своите вработени лица.

Важни квалитети

 Машински вештини. Алатничарите користат различни алати за спојување и поправање на метални конструкции, користат мерни инструменти, одредува редослед на операции за монтажа на елеметите во склопови и технички целини, ги познаваат особините на материјалите за обработка. Изборот на соодветниот алат и режимот на обработка  се суштински за нивната работа.

Математички компетенции и основни компетенции во областа на науката и технологијата: Користат  и работат со технолошки алатки како и податоци за извршување на задачите и собирање на податоци потребни за самоунапредување (на знаењето и вештините). Ги препознаваат основните карактеристики на истражување во областа на струката и ги споделува заклучоците и размислувањата кои довеле до таквите заклучоци.

Задолженија на работното место

Алатничарите и сродни занимања изработуваат и поправаат алатки, модели и калапи за обликување на делови од метали, пластика и гума, како и за одржувааат и поправаат  оружје и брави.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за  обработувачи на метал

Четиригодишно стручно образование за машински техничари

Основно образование и сертификат

 

Просечна месечна нето заработувачка

19.310 МКД

Слободни работни местa

  • 232 АВРМ