АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

Активности

Алатничарите и сродни занимања изработуваат и поправаат алатки, модели и калапи за обликување на делови од метали, пластика и гума, како и одржувааат и поправаат  оружје и брави.

Задачите вклучуваат:

  • изработка, одржување и поправка на калапи, дупчалки, шаблови и делови на прибор;
  • изработка и поправка на инструменти за мерење;
  • изработка и поправка на метални модели;
  • изработка и поправка на калапи за леење и пресување метали, како и за обликување на делови од пластика и гума;
  • изработка, подесување и поправка на брави;
  • поправка на оружје;
  • изработка и поправка на метални шаблони за подготовка на леарски калапи;
  • обележување на метални делови како подготовка за нивна обработка;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

7222.01  Раководител на алатничари

7222.02  Алатничар

7222.03  Алатничар, мајстор

7222.04  Алатничар за мерни алати, специјализиран

7222.05  Алатничар за алат за режење

7222.06  Алатничар за прибор за стегање

7222.07  Алатничар за метални калапи, специјализиран

7222.08  Монтер на мерни инструменти

7222,09  Пушкар

7222.10  Пушкар, мајстор

7222.11  Бравар

7222.12  Изработувач на клучеви

7222.13  Бравар, мајстор

7222.14  Металомоделар

7222.15  Металомоделар, специјализиран

7222.16  Оцртувач  (алатничар)

7222.17  Бравар на флуиди и технички гасови

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Алатничарите и сродни занимања изработуваат и поправаат алатки, модели и калапи за обликување на делови од метали, пластика и гума, како и за одржувааат и поправаат  оружје и брави.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за  обработувачи на метал

Четиригодишно стручно образование за машински техничари

Основно образование и сертификат

 

Просечна месечна нето заработувачка

19.310 МКД

Слободни работни местa

232 АВРМ