Тесари и градежни столари
Повреди и болести
Работата на тесарите и градежните столари може да биде опасна, а со неправилното ракување со опремата, може да предизвикаат сериозни повреди. Исто така, можни се повреди како на пример од напрегања предизвикани од прекумерен напор поради кревање и движење на материјалите. Други вообичаени повреди се резултат на падови, лизгања, сопнувања и контакт со предмети или опрема.
Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно секое конкретно работно место. Работниците често носат опрема како што се чизми, цврсти капи, заштитни очила и рефлектирачки елеци како заштита од повреди.
Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум.
