Развивачи на веб и мултимедија
Како да станете развивачи на веб и мултимедија
Образование
Вообичаено се бара развивачите на развивачите на веб и мултимедија да имаат завршено високо образование на некој од факултетите за информатика во Република Северна Македонија или странство. Покрај универзитетско образование, повеќето претпријатија претпочитаат практично искуство со програмските јазици во кои се работи. Вообичаено е факултетите да им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото или со практиканство на скратено работно време во фирми, како дел од нивните студиски програми.
Развивачите на веб и мултимедија потребно е да поседуваат знаења и вештини во секторот во кој работат.
Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii
Во делот на неформалното образование, во Македонија работат неколку ИТ центри кои нудат едукација, тестирање и сертифицирање за курсеви кои се меѓународно признати.
Некои од ИТ центрите во Македонија кои нудат меѓународно признати обуки и тестирања се:
- Семос едукација, http://semosedu.com.mk/
- Сеавус образовен и развоен центар, http://www.sedc.mk
- Академија Brainster , https://brainster.co/
Важни квалитети
Аналитички вештини. Развивачите на веб и мултимедија мора да ги анализираат потребите на корисниците пред да дизајнираат веб страна кој би ги исполнил корисничките потреби.
Комуникациски вештини. Развивачите на веб и мултимедија мора да комуницираат јасно и недвосмислено со останатите лица кои работат на проектот. Тие исто така мора да им објаснат на корисниците како функционира веб страницата и мултимедија, како и да се подготвени да одговорат на прашањата кои може да произлезат од страна на корисниците.
Креативност. Развивачите на веб и мултимедија ја изразуваат својата креативност во креирањето на новата веб страница. Тие се „креативниот ум“ во креирањето на веб страница.
Забележување детали. Развивачите на веб и мултимедија често пати работат истовремено на повеќе делови од апликаци или системи, затоа е потребно да бидат фокусирани и да внимаваат на детали.
Вештини за решавање на проблеми. Бидејќи развивачите на веб и мултимедија се вклучени во изработка на веб страницата од почеток до крај, тие мора да се во можност да ги решаваат проблемите кои се појавуваат низ целиот процес.
