Ракувачи со градежни и слични машини

Ракувачи со градежни и слични машини

Изгледи за вработување

Ракувачите со градежни и слични машини, според податоците на Агенцијата за вработување се меѓу побарувани занимања. Во просек, на месечно ниво јануари – декември 2022 година изнесува 168 ракувачи со градежни и слични машини . Според процените на Анкетата за работна сила на  Државниот завод за статистика  2017-2022 година, бројот на вработени ракувачи  со градежни и слични машини се движел околу  2450  лица.

Можностите за вработување се очекува да бидат добри и во иднина, бидејќи градежната активност е во пораст.  Побарувачката за работници од ова занимање е тесно поврзано со градежниот сектор.

Слични занимања (од ISCO-08)

  1. Возачи на подвижни земјоделски и шумарски машини
  2. Ракувачи со кранови, дигалки и слични постројки
  3. Возачи на тешки товарни возила со подвижна дигалкa

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со градежни и слични машини управуваат со машините за ископување и товарање на земја, набивање и валање на површината, ископи во тунели, уривање на градби, стабилизација на тло, превоз, прифаќање и вградување на бетон и нанесување на асфалт. Ја надгледуваат работата на машините.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

28.772 МКД

Слободни работни местa

168