Ракувачи со градежни и слични машини

Ракувачи со градежни и слични машини

Работна средина

Работата на ракувачите  со градежни и слични машини во најголем дел од времето се одвива во возилата. Нивната работата  бара постојано внимание, претежно е во седечка положба, па затоа движењата се ограничени.

Овие работници поминуваат значително време на отворено и  честопати возат на големи растојанија. Ракувачите со градежни и слични машини често креваат тешки делови и алати, ракуваат со мрсна и валкана опрема.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Ракувачите со градежни и слични машини управуваат со машините за ископување и товарање на земја, набивање и валање на површината, ископи во тунели, уривање на градби, стабилизација на тло, превоз, прифаќање и вградување на бетон и нанесување на асфалт. Ја надгледуваат работата на машините.

Потребно образование при вработување

Основно образование и соодветна обука

Просечна месечна нето заработувачка

28.772 МКД

Слободни работни местa

168