НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ
Изгледи за вработување
Негувателите на болни лица во домашни услови се наведени меѓу бараните занимања во анализата на Агенцијата за вработување за барани вештини. Со стареењето на населението, ќе се зголемува и бројот на клиенти на кои им е потребна помош при извршувањето на секојдневните задачи.
Во просек на годишно ниво, за периодот 2017-2022 г., бројот на регистрирани вработени пекари изнесувал околу 475.
Постарите лица и лицата со попречености, на кои не им е потребна медицинска нега, избираат нега во домашни услови, наместо нега во институција, поради ограничениот број достапни места и високите трошоци. Негата во домашни услови, често, е поевтина и поприфатлива за клиентот. Бидејќи негувателите на болни лица во домашни услови не треба да обезбедуваат медицински услуги, тие се поевтина опција за семејствата или клиентите на кои им е потребна помош во секојдневните активности.
Слични занимања класифицирани на друго место:
- Медицинска сестра (професионална) – 2221
- Медицинска сестра (техничар) – 2221
- Здравствени работници во амбуланта – 3258
- Негувател на болни лица (во куќа) – 5322
Повеќе информации
За вработување:
