Веб-техничари

Веб-техничари

Како да станете веб техничар

Образование

Веб техничарите треба да имаат завршено средно образование, но не постои специјализирана насока за занимањето. Веб техничарите ги учат своите знаења и вештини преку обука на работното место или во текот на работното искуство.

Во делот на неформалното образование, во Македонија работат неколку ИТ центри кои нудат едукација, тестирање и сертифицирање за курсеви кои се меѓународно признати.

Некои од ИТ центрите во Македонија кои нудат меѓународно признати обуки и тестирања се:

 

Важни квалитети

Аналитички вештини. Веб техничарите мора да ги анализираат потребите на корисниците пред да дизајнираат веб страна кој би ги исполнил корисничките потреби.

Комуникациски вештини. Веб техничарите мора да комуницираат јасно и недвосмислено со останатите лица кои работат на проектот. Тие исто така мора да им објаснат на корисниците како функционира веб страницата , како и да се подготвени да одговорат на прашањата кои може да произлезат од страна на корисниците.

Креативност. Веб техничарите ја изразуваат својата креативност во креирањето на новата веб страница. Тие се „креативниот ум“ во креирањето на веб страница.

Забележување детали. Веб техничарите често пати работат истовремено на повеќе делови од апликаци или системи, затоа е потребно да бидат фокусирани и да внимаваат на детали.

Вештини за решавање на проблеми. Бидејќи Веб техничарите се вклучени во изработка на веб страницата од почеток до крај, тие мора да се во можност да ги решаваат проблемите кои се појавуваат низ целиот процес.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Веб-техничарите се задолжени да креираат веб-страници, како и да одржуваат, надгледуваат и обезбедуваат оптимални функции од интернет веб-страниците, веб-хардверите и софтверите.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

25.954 МКД

Слободни работни местa

22