Техничари за рударство и металургија
Како да станете техничари за рударство, металургија и сродни занимања
Образование
Потребно е завршено средно образование со времетраење од четири години.. Формалното образование преку техничките училишта во Република Северна Македонија нудат програми за „ геолошко – рударски техничар” и “металуршки техничар“.
Јавни средни училишта кои нудат 4-годишни програми за металуршки техничар и геолошко – рударски техничар.
- Средно општинско училиште „Миле Јаневски- Џингар“ – Македонска Каменица
- Средно општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола
- Средно општинско училиште „Киро Спанџов – Брко “ – Кавадарци
- Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ – Радовиш
- Средно општинско училиште „Горче Петров “ – Прилеп
- Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче “ – Пробиштип
- Средно училиште на Град Скопје „8 СЕПТЕМВРИ“ – Скопје
Во моментов не постојат верифицирани програми за техничари за рударство, металургија и сродни занимања.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за техничарите за рударство, металургија и сродни занимања кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни: http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Важни квалитети
Забележување на детали: Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања мора да прават контроли при производство, контроли при мерења на произведени количини кои се потребни во пресметките на рударските инженери.
Вештини за логичко размислување: Разбирање на инженерските цртежи и дијаграми, ги разбираат инструкциите и го следат распоредот и специфичниот сет на правила.
Математички вештини: Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања користат математички вештини за анализа, изработка на цртежи и читање на планови.
Машински вештини: Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања ги применуваат знаењата и насоките добиени од инженерите за да изработат нови делови за индустриски машини или опрема. Тие мора да поседуваат вештини за работење со дупчалки, брусалици и метален струг.
Вештини на пишување: Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања мора да пишуваат извештаи, резулати од тестирање, резултати од мерење или пак да ги опишат проблемите на кои наидуваат во текот на работењето. Нивните извештаи мора да бидат јасни и добро претставени така што инженерите со кои работат се во можност да ги разберат пишаните извештаи.
Вештини за меѓучовечки односи: Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања добиваат инструкции за работа и нудат совет кога е потребно. Исто така, вештините за меѓучовечки односи се корисни при координацијата со останатите членови од тимот.