Техничари за рударство и металургија

Техничари за рударство и металургија

Активности

Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања вршат широк спектар на технолошки задачи во одделни рударски инженерски специјални области, пред сé како поддршка на инженерските истражувања, развојот и проектирањето, како и ограничен број на технички задачи поврзани со инсталирање, одржување, мерење и контрола на квалитетот, како и производно планирање.

 

Задачите вклучуваат:

  • техничка помош во истражувањето и развивањето на нови методи или подобрување на методите и постапките поврзани со инженерските аспекти на рударската работа во рудниците или на површинските наоѓалишта, како и помош на нафтени полиња, природен гас, вода и други цели, на копно и под вода; давање техничка помош при проектирање, конструирање, функционирање, одржување и поправка на уреди за издвојување на метали од руда и пречистување на метали;
  • техничка помош при планирање и проектирање на рудници за површински коп, нивните системи,постројки, уреди и опрема за облагородување, складирање и испраќање на добиените минерални суровини; техничка помош во проектирање и подготовка на нацрти за преработка на минерали и метали;
  • техничка помош при планирање и проектирање на места за дупчење, нивно опремување, испитување и одржување, како и системи за вештачко извлекување на флуиди од места каде што се дупчи, нивно собирање, облагородување и испраќање, складирање во геолошките структури и транспорт до постројките за преработка; подготовка за прецизна процена на количините и трошоците за материјали и работи потребни за постројките за преработка и прочистување на минералите според добиените спецификации;
  • техничка помош при планирање и проектирање за разработување на откриените лежишта на минерални суровини, како и управување со нивното искористување; технички надзор на изградбата, поставувањето, функционирањето, одржувањето и поправката на уредите и постројките за преработка на минералите, за да се обезбеди задоволувачка изработка и усогласеност со спецификациите и прописите;
  • ги заменуваат дипломираните инженери на местата каде што се изведуваат задачи или испитувања, заради обезбедување на усогласеност на изведувањето со проектната спецификација и постоечките норми поврзани со производството или контролата на квалитетот, како и примена на рударска и друга техничка сигурност; примена на техничкото знаење за металуршките начела и пракса со цел да се препознаат и решат проблемите до кои доаѓа при работата;
  • постапки во посебно сложени ситуации кои редовно или повремено се појавуваат при рударски работи и мерења, како и санирање на настанатите хаварии;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3117.01 Рударски техничар за површинска експлоатација

3117.02 Рударски техничар за подземна експлоатација

3117.03 Техничар за производство на сол

3117.04 Техничар за експлоатација на камен

3117.05 Рударски техничар за подготовка на производството

3117.06 Рударски техничар

3117.07 Нафтено-рударски техничар за подготвителни работи

3117.08 Нафтено-рударски техничар за јами

3117.09 Нафтено-рударски техничар за санациско работење во јамите

3117.10 Нафтено-рударски техничар за хидродинамички мерења

3117.11 Техничар за разработка на нафтени и плински лежишта

3117.12 Техничар за изградба на собирни системи за нафта и плин

3117.13 Техничар за производство на нафта и плин

3117.14 Техничар во производство на црна металургија

3117.15 Металуршки техничар за преработка и термичка обработка

3117.16 Техничар за производство на обоени метали

3117.17 Техничар за сорпција

3117.18 Техничар за екстракција

3117.19 Техничар за електролиза

3117.20 Одговорен подготвувач на проби

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за рударство, металургија и сродни занимања вршат широк спектар  на технолошки задачи во одделни рударски инженерски специјални области, пред сé како поддршка на инженерскитеистражувања, развојот и проектирањето, како и ограничен број на технички задачи поврзани со инсталирање, одржување, мерење и контрола

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД