Стоматолошки асистенти и терапевти
Како да станете стоматолошки асистенти и терапевти
Образование
Потребно е завршено средно стручно образование со времетраење од четири години или IV ниво на квалификација. Средните стручни училишта во Македонија нудат наставни програми, здравствена струка преку четиригодишната програма „ забен техничар “.
Од 2018 г., Министерството за труд и социјална политика има усвоено две занимања од секторот здравство и социјална заштита:
- Забен техничар
- Дентален асистент
Стандардите на занимања подетално можат да се видат на следниов линк:
https://csoo.edu.mk/pocetna/struki/zdravstvo-socijalna-zastita/
Образовни програми со кои се стекнува диплома за забен техничар и дентален асистент се нуди во следниве средни стручни училишта:
- СРЕДНО ОПШТИНСКО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКОЛА ШТЕЈН“- Тетово
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Штип
- ОПШТИНСКО СРЕДНО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „Д-р ЈОВАН КАЛАУЗИ“- Битола
- СРЕДНО ОПШТИНСКО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“- Гостивар
- СРЕДНО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“- Скопје
- СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ЦВЕТАН ДИМОВ“- Скопје
- СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – Валандово
- ДРЖАВНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ – РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА „КИРО БУРНАЗ“ – Куманово
- СРЕДНО ОПШТИНСКО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКОЛА ШТЕЈН“-Тетово
Обуки
Стоматолошките асистенти и терапевти имаат потреба од континуирана надградба на знаењата, способностите и вештините, преку обуки и други облици на стручно усовршување кои се однесуваат на тековните достигнувања во медицината, научните истражувања, медицинската технологија, унапредувањето на комуникациските и социјалните вештини, системите за обезбедување на квалитет и стандардите на здравствената нега кои се однесуваат на дејноста што ја вршат.
Обуките и стручното усовршување, се стекнуваат преку учество на стручни семинари, конгреси и други стручни собири.
Дополнителни вештини/Важни квалитети
Комуникациски вештини. Стоматолошките асистенти и терапевти мора ефективно да комуницираат со пациентите, да ги сослушаат пациентите, како и да ги советуваат за грижата на забите. .
Детално ориентирани. Стоматолошките асистенти и терапевти мора да обрнат внимание на формата, бојата на забите и просторот меѓу нив. .
Вештини за умешно работење. Стоматолошките асистенти и терапевти мора да бидат вешти со своите раце. Тие мора да работат внимателно со алатки на мали простори за да обезбедат безбедност на нивните пациенти. .
Лидерски способности. Стоматолошките асистенти и терапевти, мораат да поседуваат лидерски вештини, особено оние кои имаат свои ординации, управуваат со персонал. .
Вештини за трпеливост. Стоматолошките асистенти и терапевти можат да работат подолги периоди со пациенти на кои им треба посебно внимание, вклучително и деца и оние со страв од стоматолошката работа и затоа мора да ја поседуваат оваа вештина. .
Вештини за решавање проблеми. Стоматолошките асистенти и терапевти мора да бидат подготвени за решавање проблеми од својата дејност и да ги проценат симптомите на пациентите и да го изберат соодветниот третман.