Стоматолошки асистенти и терапевти
Активности
Стоматолошките асистенти и терапевти изработуваат протетички помагала под надзор на стоматолозите и вршат протетички работи, а стоматолошките сестри помагаат при лекувањето.
Задачите вклучуваат:
- изработка на целосни и делумни протези;
- изработка на фиксни и подвижни протези;
- поправка на протези;
- учество во изработката на калапи;
- подготовка и водење сметка за стоматолошките инструменти и опремата;
- подготовка на стоматолошкиот материјал;
- помош во подготовката на пациентите за преглед и лекување;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3251.01 Стоматолошка сестра
3251.02 Забарски асистент
3251.03 Заботехничари
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)