Инженери за хемиска прехранбена и биотехнологија

Инженери за хемиска прехранбена и биотехнологија

Работна средина

Инженерите за хемиска, прехранбена и биотехнологија работат претежно во канцеларии или лаборатории. Тие можат да поминуваат време во индустриски погони, рафинерии и други локации, каде што ги следат или насочуваат операциите или решаваат проблеми на лице место. Речиси сите хемиски инженери работат со полно работно време.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Инженерите за хемиска, прехранбена и биотехнологија спроведуваат истражувања, планираат, развиваат и водат комерцијални хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбени технолошки процеси и производство на разновидни супстанции и производи, како, на пример, преработка на сурова нафта, производство на нафтени деривати, храна, пијалаци, лекови, синтетички производи, земјоделски хемикалии, козметички производи, средства за перење и чистење; одржуваат и унапредуваат опрема или проучуваат и советуваат за технолошките аспекти на одделни материјали, производи и процеси.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

38.411 МКД

Слободни работни местa

29