Инженери за хемиска прехранбена и биотехнологија
Активности
Инженерите за хемиска, прехранбена и биотехнологија спроведуваат истражувања, планираат, развиваат и водат комерцијални хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбени технолошки процеси и производство на разновидни супстанции и производи, како, на пример, преработка на сурова нафта, производство на нафтени деривати, храна, пијалаци, лекови, синтетички производи, земјоделски хемикалии, козметички производи, средства за перење и чистење; одржуваат и унапредуваат опрема или проучуваат и советуваат за технолошките аспекти на одделни материјали, производи и процеси.
Задачите вклучуваат:
- истражување, планирање, развивање и советување за комерцијалните хемиски процеси за преработка на природните суровини и производство на хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбени полупроизводи и производи;
- изработка на технолошки основи за инвестициски проекти и учество во реализацијата на инвестициските програми;
- изработка и воведување на технолошки и технички спецификации и методи за проверка на супстанции и процеси, како и проверка на усогласеноста на тие својства со спецификациите;
- воведување и унапредување на постапки за сигурност при работа;
- пронаоѓање, отстранување и превентивно дејствување на неусогласеноста на супстанциите и постапките со спецификациите;
- планирање, организирање и водење на одржување на опремата;
- проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
- техничка соработка и консултации со другите релевантни стручњаци;
- изработка на научни трудови и пишување на извештаи;
- вршење на сродни работи;
- надзор на останатите соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2145.01 Енолог – технолог
2145.02 Инженер – технолог
2145.03 Инженер за дестилација на катран
2145.04 Инженер за кожарска технологија
2145.05 Инженер за конфекција
2145.06 Инженер за технологија на полимери
2145.07 Инженер за хемиска технологија
2145.08 Инженер – технолог истражувач
2145.09 Инженер – технолог за градежни материјали
2145.10 Инженер – технолог за заштита на средината
2145.11 Инженер – технолог за масло и емулзија
2145.12 Инженер – технолог за облагородување на метали
2145.13 Инженер – технолог за преработка на вода
2145.14 Инженер – технолог за преработка на дрво
2145.15 Инженер – технолог за преработка на нафта
2145.16 Инженер – технолог за прехранбени производи
2145.17 Инженер – технолог за производство
2145.18 Инженер – технолог за производство на стакло и керамика
2145.19 Инженер – технолог за производство на хартија
2145.20 Инженер – технолог за развој
2145.21 Инженер – технолог за текстил
2145.22 Останати инженери – технолози
2145.23 Инженер – технолог за фармацевтски производи
2145.24 Фармацевтски технолог
2145.25 Технолог за масти за мачкање
2145.26 Технолог за неметали
2145.27 Технолог за производство на вискозни материјали
2145.28 Технолог за производство на хартија
2145.29 Технолог за фабрикација на тутун
2145.30 Технолог за физичко – хемиски третман на вода
2145.31 Технолог – аналитичар
2145.32 Инженер за производство на тутунов лист
2145.33 Инженер за преработка на анимални производи
2145.34 Инженер – биотехнолог
2145.35 Радиолошки технолог
2145.36 Инженер за хемиски процеси
2145.37 Инженер за композитни материјали
2145.38 Инженер за неоргански материјали
(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08, www.stat.gov.mk)