ИКТ техничари за поддршка на корисниците
Активности
Техничарите за компјутерска поддршка на корисниците вршат широк спектар на задачи во одделни информатички специјализации, пред сé, заради поддршка на инженерски истражувања, проектирање, програмираат и одржуваат системи на поддршка на компјутери, даваат помош на корисниците на компјутерските опреми, како и вршат низа технички задачи на инсталирање на нови опреми, одржување и подобрување на постоечките компјутерски програми.
Задачите вклучуваат:
- давање техничка помош во истражување на начелата и оперативните методи на компјутерите и системите, како и развој и одржување на системски програмски поддршки, воведување на бази на податоци, како и алгоритми, вештачка интелигенција и роботика;
- учество во проектирањето на системи на поддршка на компјутери, изработка на потребни програмски поддршки и одржување на системите во работна состојба под водство на информатички стручњаци на повисоко ниво на оспособување;
- помош на корисниците на компјутерска опрема и стандардна програмска поддршка при поставување и кога ќе се појават проблеми во работата;
- воведување на нови оперативни системи и програми на компјутерска постава којашто одговара;
- поставување на нови надворешни опреми, вклучувајќи и потребно прилагодување на големините во оперативните системи и погонските единици;
- инсталирање, одржување и осовременување на компјутерските програми со помали измени и прилагодувања, со надзор на информатички стручњаци на повисоки нивоа на оспособување;
- одржување и осовременување на документацијата за компјутерските програми и поставената системска опрема;
- примена на знаењата за начелата и за работата на компјутерите и програмирањето за да можат да се препознаат и решат проблемите кои се среќаваат во работата;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3512.01 Техничар за одржување на програмата
3512.02 Техничар – програмер
3512.03 Техничар за помош на корисниците
3512.04 Компјутерски техничар
3512.05 Компјутерски администратор
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)