Чевлари и кожни галантери

Чевлари и кожни галантери

Изгледи за вработување

Според процените на Анкетата за работна сила на  Државниот завод за статистика  2017-2022  година бројот на вработени Чевлари и кожни галантери, се движел околу 1250 лица.

Можностите за вработување се очекува да бидат добри и во иднина, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со потешкотии при пронаоѓање искусни и квалификувани работници.

 

Слични занимања (од ISCO-08)

  1. Кројачи, крзнари и шапкари
  2. Изработувачи на шеми и сечачи на текстил, кожа и слични материјали
  3. Шивачи, порабувачи и сродни занимања
  4. Тапацери и сродни занимања
  5. Обложувачи и штавачи на кожа

 

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.av.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Чевларите и кожните галантери изработуваат и поправаат стандардни и специјални обувки за одредени потрошувачи и ортопедски обувки за кои ја снимаат и мерат ногата, предмети од природна и вештачка кожа (освен кожна облека, шапки, ракавици), како што се куфери, чанти, ремени или учествуваат во производството на обувки и слични производи.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

22.670 МКД

Слободни работни местa

24