Чевлари и кожни галантери

Чевлари и кожни галантери

Активности

Чевларите и кожните галантери изработуваат и поправаат стандардни и специјални обувки за одредени потрошувачи и ортопедски обувки за кои ја снимаат и мерат ногата, предмети од природна и вештачка кожа (освен кожна облека, шапки, ракавици), како што се куфери, чанти, ремени или учествуваат во производството на обувки и слични производи.

 

Задачите вклучуваат:

  • изработка на мостри за сечење на делови од обувки;
  • сечење, подготвување и составување на делови од обувки;
  • шиење на делови од обувки;
  • изработување на стандардни или ортопедски обувки според поединечни барања и потреби;
  • изработување на други посебни видови на обувки по порачка;
  • преглед и довршување на обувки;
  • шиење и поправка на обувки на специјален калап;
  • изработка и поправка на предмети како седла и узди за животни, куфери, чанти, ремени, паричници, кожни торби и други прибори;
  • сечење, обликување и шиење на делови од кожни предмети;
  • рачно или машинско шиење и лепење на кожни делови;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

7536.01 Чевлар

7536.02 Чевлар, мајстор

7536.03 Изработувач на горни делови на обувки

7536.04 Ортопедски чевлар

7536.05 Ортопедски чевлар, мајстор

7536.06 Изработувач на горни делови на ортопедски обувки

7536.07 Изработувач на долни делови на обувки

7536.08 Ташнар

7536.09 Ташнар, специјализиран

7536.10 Ременар – седлар

7536.11 Изработувач на ракавици

7536.12 Кожен галантерист

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Чевларите и кожните галантери изработуваат и поправаат стандардни и специјални обувки за одредени потрошувачи и ортопедски обувки за кои ја снимаат и мерат ногата, предмети од природна и вештачка кожа (освен кожна облека, шапки, ракавици), како што се куфери, чанти, ремени или учествуваат во производството на обувки и слични производи.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

22.670 МКД

Слободни работни местa

24