Комерцијалисти во продажба

Комерцијалисти во продажба

Активности

Комерцијалисти во продажба продаваат разновидни производи на големо, вклучувајќи уреди, опрема и технички производи и даваат потребни известувања.

 

Задачите вклучуваат:

  • продажба на производи на мало, продажба по пат на каталог, како и прибирање на порачки;
  • продажба на техничка опрема, понуди и слични услуги на претпријатија или на поединци;
  • давање општи и специфични информации на можните купувачи за карактеристиките на опремата и демонстрирање на нивната употреба;
  • известување за намерите на купувачите и нивните барања до производителите;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3322.01 Комерцијалист

3322.02 Комерцијалист за надворешна трговија

3322.03 Комерцијалист за внатрешна трговија

3322.04 Технички застапник на продажба

3322.05 Застапник – трговски патник

3322.06 Референт за продажба

3322.07 Советник за продажба

3322.08 Комерцијален експедитер

3322.09 Советник за туристички аранжмани

3322.10 Шеф на продажба

3322.11 Шеф на трговско претставништво

3322.12 Шеф на складишно работење

3322.13 Шеф на продавница

3322.14 Пазаришен инспектор

3322.15 Инспектор за трговија

3322.16 Инспектор за туризам

3322.17 Раководител на возен парк

 

(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08,www.stat.gov.mk)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Комерцијалисти во продажба продаваат разновидни производи на големо, вклучувајќи уреди, опрема и технички производи и даваат потребни известувања.

Потребно образование при вработување

– Средно образование

– Обука

Просечна месечна нето заработувачка

26.343 МКД

Слободни работни местa

472