Техничари во оптика

Техничари во оптика

Активности

Техничарите во оптика препишуваат и ставаат очила и контактни леќи и советуваат за нивната употреба или за употребата на други оптички помагала, како и за правилно осветлување при работа и читање.

 

Задачите вклучуваат:

  • преглед на очи и препишување очила, контактни леќи или друго лекување за да се подобри видот, а случаите кои тоа го бараат ги испраќаат на медицинско
    лекување кај лекари;
  • советување за правилна употреба на очила и контактни леќи, соодветно
    осветлување при работа и читање и други оптички помагала;
  • местење на препишана диоптрија во рамки и контактни леќи на корисниците;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3254.01 Оптометрист – техничар
3254.02 Оптички техничар

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите во оптика препишуваат и ставаат очила и контактни леќи и советуваат за нивната употреба или за употребата на други оптички помагала, како и за правилно осветлување при работа и читање.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

22.680 МКД

Слободни работни местa

5