Службеници за кредити и заеми

Службеници за кредити и заеми

Активности

Службениците за кредити и заеми ги анализираат и проценуваат финансиските документи и апликациите за кредити и заеми и ги одобруваат или не, со претходна препорака од претпоставените менаџери.

Задачите вклучуваат:

  • интервјуирање на личностите што аплицирале, хипотеканти, студенти и деловни позајмувачи;
  • истражување и проценување на апликантите за заем според финансискиот статус, препораки, поседување на други заеми и способноста за враќање на заемот;
  • поднесување на молба за кредити и заем до раководството кои одлучуваат за одобрување или одбивање на барањата, водејќи сметка за кредитната граница на институцијата;
  • чување на забелешки од исплати и подготвување на рутински молби за исплата на задоцнети сметки проследени со легална постапка;
  • комплетирање на целокупната документација за кредити и заеми;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други соработници.

 

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3312.01 Посредник во продажба на лизинг

3312.03 Службеник за хипотека

3312.04 Кредитен контролор

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Службениците за кредити и заеми ги анализираат и проценуваат финансиските документи и апликациите за кредити и заеми и ги одобруваат или не, со претходна препорака од претпоставените менаџери.

Потребно образование при вработување

– Средно образование/Четиригодишно образование

– Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

34.068 МКД

Слободни работни местa

24